
ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „BOOKSTAR“ 2026
На пијалак со авторите на „BookStar“
„Писателот зборува“ – Оливера Ќорвезироска: „Три слободи“
BookStar 2026 официјално започнува во Лабораториум – со средба на автори, читатели, пријатели на фестивалот и сите оние за кои книжевноста е простор за слобода, разговор, инспирација и нови перспективи.
„На пијалак со авторите на BookStar“ е неформална средба и можност за непосреден разговор со гостите на фестивалот.
Во рамките на настанот, во рубриката „Писателот зборува“, писателката Оливера Ќорвезироска ќе ги претстави своите „Три слободи“ – три лични и книжевни погледи кон слободата, нејзините граници во литературата и нејзиното значење во времето во кое живееме.
Вечер за средба, разговор и почеток на уште едно фестивалско патување низ книжевноста.






