
ОД РОБОТ ДО ЧЕТБОТ: ДИСКУСИЈА ЗА ЕРАТА ШТО ДОАЃА
Разговор со авторите Ненад Јолдески, Валентин Нешовски, Соња Станковска, Александар Русјаков и Влада Урошевиќ
Модератор: Фросина Пармаковска
Што се случува со човекот, јазикот и книжевноста во време кога машините не само што извршуваат задачи, туку разговараат со нас, создаваат текстови и сè почесто влегуваат во просторот на литературата што го сметавме за исклучиво човечки?
Во разговор со некои од најзначајните современи македонски писатели ќе отвориме прашања за вештачката интелигенција, технологијата и иднината што веќе започна. Дали „четботовите“ се само нови алатки или навестување на длабока промена во начинот на кој мислиме, пишуваме и комуницираме? И што останува неповторливо човечко во ерата на алгоритмите?
Разговорот ќе се води на македонски јазик и ќе го модерира Фросина Пармаковска.






