„СО ИЛИ БЕЗ ’PLEASE‘“ – СВЕЧЕНА РЕЧ НА ЛИДИЈА ДИМКОВСКА И ОБРАЌАЊЕ НА ДЕЈВИД ГИР, АМБАСАДОР НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО С.МАКЕДОНИЈА.
Од минатогодишниот „BookStar“, почетокот на фестивалот е означен со моќните мисла и зборови на некој реномиран македонски писател. Бидејќи фестивалите постојат за да се слушне гласот на писателите.
Авторот што годинава ќе се обрати пред скопската публика е Лидија Димковска, која не само што е актуелна со новиот роман туку отсекогаш била и гласноговорник против општествените аномалии.
А ќе бидеме почестени со присуството на Амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир, кој ќе ја врачи наградата BookStar 2023 на писателка Наџат ел Хачми од Шпанија.