Нашата цел отсекогаш била да изградиме одговорен однос кон околината. Затоа, годинава Фестивалот „BookStar“ станува првиот книжевен фестивал во Македонија кој започнува многу важна соработка со „Пакомак“. Со цел да го минимизираме влијанието на амбалажниот отпад врз животната средина и да овозможиме поквалитетен живот за сите, поттикнуваме акција за подигнување на свесноста за важноста од селекцијата на отпадот од секаков вид, но и активно учество во процесот на селекција.
Односно, освен што за време на фестивалот ќе бидат поставени специјални диспанзери за прифаќање хартија и хартиена амбалажа која не ви е потребна и сакате да се рециклира, ќе ја наградиме и вашата одговорност. Со акумулирани најмалку сто поени на апликацијата „Екомак“ еко-модерните читатели добиваат книга гратис за време на Фестивалот.
Преземете ја бесплатната апликација, селектирајте пластична амбалажа или лименки во машините на „Пакомак“ во висина од најмалку 100 поени и дојдете да си ја подигнете вашата книга од омилениот автор на „BookStar“*!
„Пакомак“ е основана во 2010 година и многу бргу станува најпрепознатливата непрофитна компанија во Македонија која се занимава со управување со отпадот од пакување. Од 2011 година е 34-тата национална компанија што се приклучува кон интернационална мрежа за управување со амбалажен отпад ProEurope, со што ја добива лиценцата за употреба на симболот „Green Dot“.
Таа е и првата македонска компанија што го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки.
Повеќе на: https://pakomak.mk/
*Акцијата важи за време на Фестивалот „BookStar“ и единствено на Саемот на европска литература во МКЦ со приложување на апликацијата со собрани поени на својот мобилен апарат. Секое лице може да ја искористи оваа поволност само еднаш за која било книга во вредност до 300 денари.