Разговор со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија)
Разговор со две писателки кои припаѓаат на речиси иста генерација и имаат слична академска позадина. Ања Мугерли е родена 1984 година и дипломирала словенистика, а Луцие Фаулерова е родена 1989 година и дипломирала бохемистика. Двете објавени книги, збирката раскази „Пчелно семејство“ на Мугерли и „Девојката Смрт“ на Луцие Фаулерова ја имаат добиено Наградата за литература на Европската Унија. Романот на Фаулерова се занимава со една од најтабуизираните и најсложени теми на денешницата, за која ретко се зборува гласно, отворено и без предрасуди – суицидот, додека централна тема на сите седум раскази во книгата на Мугерли е семејството. Она што суптилно ги обединува овие две книги се егзистенцијалните теми поврзани со семејните односи, созревањето, личната слободата и – прашањето како да се допре до средиштето на животот.
Настанот ќе го модерираат Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова.