Ексклузивна средба и разговор со авторката Софи Хана (Обединетото Кралство)
Едно од најголемите читателски задоволства е можноста да се следи омилениот книжевен лик во нови авантури, да се вртат страниците на нова книга со него и со нетрпение да се очекува следната книга во серијалот со него. Што се случува кога авторот престанува да твори, кога серијата книги запира и читателот е жеден за уште? Дали е фер ликот да остане заробен во тоа што останува напишано? И како авторот што треба да влезе во „негова кожа“ да продолжи понатаму?
Дознајте одблиску како е да се чекори во чевлите на Агата Кристи и да се продолжи серијата книги за еден од најпознатите фиктивни детективи на сите времиња, Херкул Поаро. Разговорот со најпродаваната авторка на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“ е сигурно книжевниот настан на годината, бидејќи Софи Хана доаѓа во Скопје во период кога е ултимативно зафатена и кога ги одбива сите интернационални гостувања.
Настанот ќе го модерираат Јордан Коцевски и Анде Јанков.