Разговор со финалистите за наградата „Драги“: Милан Дамјаноски, преведувач на „Десет раскази“

Милан Дамјаноски, превод од англиски јазик на делото од О. Хенри, „Десет раскази“ (Светла комора, 2024)     Што за Вас претставува иницијативата за наградата „Драги“?  Иницијативата за наградата „Драги“ за мене претставувазначаен проблесок на нашата книжевна и преведувачка сцена од повеќе аспекти. Како прво, таа произлезе во еден тежок период, кога го изгубивме  нашиот…

Разговор со финалистите за наградата „Драги“: Лидија Танушевска, преведувачка на „Емпусион“

Лидија Танушевска, превод од полски јазик на делото од Олга Токарчук, „Емпусион“ (Антолог, 2025)   Што за Вас претставува иницијативата за наградата „Драги“?  Од сè срце ја поздравувам иницијативата за наградата „Драги“ бидејќи Драги Михајловски беше, пред сè, прекрасен човек, човек „за луѓе“ – имаше трпение за секого и секому сакаше да помогне и да…

Разговор со финалистите за наградата „Драги“: Калина Малеска, преведувачка на „Слобода: созревање на крајот на историјата“

Калина Малеска, превод од англиски јазик на делото од Леа Ипи, „Слобода: созревање на крајот на историјата“ (Или-Или, 2024)     Што за Вас претставува иницијативата за наградата „Драги“? Која е важноста на признанијата и наградите за вашата работа? Најголемата предност на наградите и признанијата во областа на преводот е тоа што преведените книги стануваат…

Разговор со финалистите за наградата „Драги“: Јасминка Марковска, преведувачка на „Утро и Вечер“

    Јасминка Марковска, превод од норвешки јазик на делото од Јун Фосе, „Утро и вечер“ (Артконект, 2024)     Што за Вас претставува иницијативата за наградата „Драги“? Која е важноста на признанијата и наградите за вашата работа? Сметам дека оваа иницијатива е потребна, и навистина ми е драго што постои. Читањето книги е во…

Разговор со финалистите за наградата „Драги“: Ермис Лафазановски, преведувач на „Летото во кое мама имаше зелени очи“

    Ермис Лафазановски, превод од романски јазик на делото од Татјана Цибуљак, „Летото во кое мама имаше зелени очи“ (Три, 2024)     Што за Вас претставува иницијативата за наградата „Драги“? Која е важноста на признанијата и наградите за вашата работа? Пред сè мотивација. Со оглед на тоа што делата се оценувани од компетентно…

#11 EUROPEAN LITERATURE FAIR

#11. САЕМ НА ЕВРОПСКАТА ЛИТЕРАТУРА   За време на „BookStar“ специјално за нашите читатели го организираме Саемот на европската литература. Меѓу другото, ќе можете да ги набавите книгите добитнички на престижната Награда за литература на Европската Унија, новите изданија на македонските класици и современите гласови, книгите од наградуваните автори во 2024 и 2025 година, изданијата…

LITERARY PODCAST "NAKED LUNCH"

КНИЖЕВЕН ПОТКАСТ „ГОЛ РУЧЕК“ Автор-водител: Душко Крстевски   Што имаат да кажат авторите кога зборуваат надвор од своите книги? Пред прашањата на Душко Крстевски ќе се исправат дел од учесниците на „BookStar“. Од книжевност до општествено релевантни теми, ова е можност во живо да присуствувате на снимањето на новите епизоди на првиот книжевен поткаст кај…

ANNOUNCEMENT AND PRESENTATION OF THE “DRAGI” AWARD 2025

  СООПШТУВАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „ДРАГИ“ 2025 за најдобар превод на книжевно дело на македонски јазик   Во 2022 година издавачката куќа „Антолог“ ја востанови наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик. Првото почесно издание му беше доделено на проф. д-р Драги Михајловски, писател, преведувач, есеист и професор чие име ја носи…

JUSTICE FOR THE SHORT FICTION!

ПРАВДА ЗА КРАТКАТА ПРОЗА!   Разговор со авторите: Мајнхард Раухенштајнер (Австрија), Владимир Мартиновски, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Иван Шопов Модератор: Владимир Јанковски   Краткиот расказ отсекогаш бил предизвик за писателите – форма што бара концентрација, јазична прецизност, експлозивна реакција и моќ на сугестија. Во овој разговор авторите од различни генерации и книжевни контексти ќе ги споделат своите…