Јана Михајловска (1981) е библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение во Македонија. Во 2004 година дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во 2017 година ја одбранила докторската дисертација. Неколку години работи во градинките и во приватните училишта за странски јазици во Скопје како професор по…

Симона Јованоска (1985) е македонска писателка. Во 2015 година ја објавила својата прва книга, збирката раскази „Ги најдов во длабокото“. Во меѓувреме пишувала колумни за B2B списанието „InBar“. Во 2021 година го објавила романот „Денот на црвот“ кој ја добил наградата „Роман на годината“ за 2021 год. Во 2022 год. го освојува првото место на…

Анастасија Ѓурчинова (1963) e eсеистка и преведувачка, a работи и како професорка по Италијанска книжевност на Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Нејзини полиња на интерес се италијанистиката, компаратистиката, македонистиката, преведувачките студии и транскултурните студии. Се пројавува како автор на седум критичко-есеистички книги и монографии, но и како приредувач на…

Душко Крстевски (1981) е поет, преведувач и книжевент рецензент. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје каде што моментално е магистранд по македонска литература. Застапуван е во неколку антологии на македонската млада поезија. Преведува од бугарски јазик, како за домашната културна…

Александар Маџаровски (1978) е магистер по филозофија, поет, преведувач, љубител на книжевноста и македонски јутубер познат како „Читачот“. Тој на својот Јутјуб-канал објавува рецензии на книжевни дела од странски и од македонски автори. Пишува поезија, хаику и кратки раскази. Во периодиката, негови дела се објавувани во списанијата „Стремеж“ и „Мравка“ како и во електронска форма…

Македонија Владимир Јанковски (1977) е писател и преведувач. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги. За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на…