КНИГИ СО БРАЈОВО ПИСМО И АУДИОКНИГИ
Во 2023 година „BookStar“ беше првиот книжевен фестивал во нашата држава кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Годинава одиме чекор понатаму. Се погриживме книгата „Чекорите на црешовото дрво“ од Паола Перети, авторка што ќе гостува на Фестивалот, и која и самата се соочува со постепено губење на видот, да биде достапна…








