ЗАТВОРАЊЕ СО АЛЕСАНДРО БАРИКО, ПРВИОТ ДОБИТНИК НА „BOOKSTAR“ X10

3 октомври 2024, Скопје – Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучува онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, се затвора годинешното, јубилејно издание на фестивалот на европска литература „Букстар“. Ова воедно е прв каков било директен контакт на големиот италијански и светски автор со својата македонска публика, oткако се…

АНАСТАСИЈА ЃУРЧИНОВА ДОБИТНИЧКА НА НАГРАДАТА „ДРАГИ“

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Зорица Николовска, претставник одбран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Јана Михајловска, член од семејството…

ВЕЧЕРВА – СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „BOOKSTAR“ И КОНЦЕРТ НА „ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ“

2 октомври 2024, Скопје – Денес нè чека програмски најисполнетиот ден на годинашниот Фестивал „BookStar“, меѓу кои и свечното доделување на наградата BookStar 2024 на Јон Калман Стефансон од Исланд и концертот на Чалгија Саунд Систем а по повод двата јубилеја – 10 години „Букстар“ и 25 години „Антолог“! Денот ќе започне со „Книжевно отворање…

ПРЕПОЛНА САЛА ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА „BOOKSTAR“!

ПРЕПОЛНА САЛА ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА „BOOKSTAR“!   1 октомври 2024, Скопје – „Букстар“ е десет години инспирација. Инспирација за писателите, за читателите, за премолчаните и инспирација за заборавените – ова го изјави организаторот на фестивалот и главен уредник на „Антолог“, Жарко Кујунџиски, на свеченото отворање на десетото, јубилејно издание на фестивалот на…

Интервју со Елисавета Поповска, преведувачката на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно

1. Што претставува за Вас иницијативата за наградата „Драги“? Минатата година, кога се востанови наградата „Драги“, почувствував радост и одобрување. И тоа од две причини: прво, затоа што оваа награда го носи името на мој колега од Филолошкиот факултет, професорот Драги Михајловски, кој со својата преведувачка дејност постави референтни вредности во доменот на преводот на…

МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ 10/25 „10 години BookStar – 25 години Антолог“

  ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ   Во годината кога се поклопуваат два значајни јубилеја – 10 години Фестивал на европската литература „BookStar“ и 25 години издавачка куќа „Антолог“, всушност обележуваме сè што сме ние: вљубени во книгите, но инспирани од луѓето, изнедрени од традицијата, но заинтересирани за современоста, љубопитни да дознаеме од вас, но подготвени да…

ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „BOOKSTAR“ 2025

      ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „BOOKSTAR“ 2025 „Писателот зборува“ – Калина Малеска: „Книжевноста низ контекст на промени“ Од 2022 година, почетокот на фестивалот е означен со моќните мисла и зборови на реномираните македонски писатели. За таа цел, секој од нив подготвува кус пригоден текст со кој фрла поинаква светлина врз сопственото творештво, но поставува…

ЖЕНАТА ПРЕД НАЈВИСОКИТЕ ЅИДОВИ: ОТПОР, ТРАУМА И НАДЕЖ

  ЖЕНАТА ПРЕД НАЈВИСОКИТЕ ЅИДОВИ: ОТПОР, ТРАУМА И НАДЕЖ Разговор со авторките Петра Клабоухова (Чешка) и Серај Шахинер (Турција) Модератори: Александар Маџаровски и Драгица Стаменковиќ   Двa моќни книжевни гласa од различни делови на Европа — чешката писателка Петра Клабоухова и турската авторка Серај Шахинер — се среќаваат во заедничка книжевна вечер за да ги…