„BOOKSTAR“ 2024 ЌЕ СЛАВИ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПРЕОБРАЗБА НА ОПШТЕСТВОТО И НА ЛИТЕРАТУРАТА!

    „BOOKSTAR“ 2024 ЌЕ СЛАВИ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПРЕОБРАЗБА НА ОПШТЕСТВОТО И НА ЛИТЕРАТУРАТА!     27 јуни 2024, Скопје – Фестивалот на европската литература „BookStar“ 2024 денес го објави визуелниот идентитет на јубилејното, десетто издание на Фестивалот, кој годинава ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври на повеќе локации во Скопје. Фестивалскиот…

ОТВОРЕН Е КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ПРЕВОД „ДРАГИ“ 2024

    ОТВОРЕН Е КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ПРЕВОД „ДРАГИ“ 2024     Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката продукција во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор. За наградата може да се учествува со…

СООПШТЕНИЕ: „BookStar“ израснува во еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот!

  До сите медиуми и редакции за култура   СООПШТЕНИЕ   „BOOKSTAR“ ИЗРАСНУВА ВО ЕДЕН ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ КНИЖЕВНИ ФЕСТИВАЛИ ВО РЕГИОНОТ!   5 октомври 2023, Скопје – Фестивалот BookStar со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма минатите три дена го стекна епитетот на „еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот“. Оваа квалификација ја споделија,…

Слем натпревар

  ПОВОД: „АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА СЛЕМ ПОЕЗИЈА“ Учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпче, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади Поетскиот слем натпревар е модерен, перформативен начин на интерпретирање авторски текстови и е од натпреварувачки карактер. Петчлено жири кое се избира од публиката ги бодува текстовите и начинот на…

Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана

  Ексклузивна средба и разговор со авторката Софи Хана (Обединетото Кралство) Едно од најголемите читателски задоволства е можноста да се следи омилениот книжевен лик во нови авантури, да се вртат страниците на нова книга со него и со нетрпение да се очекува следната книга во серијалот со него. Што се случува кога авторот престанува да…

Во средиштето на животот

  Разговор со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија) Разговор со две писателки кои припаѓаат на речиси иста генерација и имаат слична академска позадина. Ања Мугерли е родена 1984 година и дипломирала словенистика, а Луцие Фаулерова е родена 1989 година и дипломирала бохемистика. Двете објавени книги, збирката раскази „Пчелно семејство“ на Мугерли и…

(Не)возможен пар – автор и преведувач

  Панел во контекст на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ „(Не)возможен пар – автор и преведувач“ е насловот на разговорот во кој учествуваат четворица писатели и нивните преведувачи. Во разговорот, преку соочување на писателските и преведувачките перспективи уште еднаш ќе се проговори за прашањата и дилемите поврзани со авторството и авторското во преведувачкиот…

СООПШТЕНИЕ: Херкул Поаро доаѓа во Скопје заедно со Софи Хана!!

До сите медиуми и редакции за култура   СООПШТЕНИЕ   ХЕРКУЛ ПОАРО ДОАЃА ВО СКОПЈЕ ЗАЕДНО СО СОФИ ХАНА!!   4 октомври 2023, Скопје – Со големо внимание следбениците на Фестивалот BookStar ја следат целосната програма на годинашното издание, а особена возбуда носи вечерашниот настан, односно ексклузивната средба со Софи Хана – наречена „новата Агата…

Кога писател шета писатели

  Неформална тура на Васко Марковски низ Скопје за учесниците на „BookStar“ Скопјани го знаат Васко Марковски како учесник на безброј книжевни настани во улога на поет, раскажувач, сестран музичар, фотограф, преведувач, новинар. Но сега главно како запознавач на странските туристи со душата на Скопје. И нема подобар лик за тоа. Бидејќи Васко е човек…

Приказни што вознемируваат

  Разговор со авторите Стефан Хертманс (Белгија) и Франсис Кирпс (Луксембург) Литературата отсекогаш имала потреба да ги разниша контурите на воспоставениот поредок на нештата. Да деконструира, да (де)контекстуализира, освести, промени. Преку светот што го материјализира да го измести читателот од неговата удобна позиција и да го натера да поставува прашања за тоа дали работите се…