БЕНЈАМИН ЛАНГЕР: ПРЕВОДОТ НА „ПИРЕЈ“ Е КОЛЕКТИВЕН ТРУД

Почитувани колешки, колеги, драга амбасадорке, почитуван Декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Многу ми е драго денеска да бидам тука, а ми преставува и голема, огромна чест. Како што веќе беше спомнато, се наоѓаме на Филолошкиот факултет, местото каде што ја добивам оваа награда и тоа ме прави особено задоволен. Пред деветнаесет години…

Види повеќе

АНАСТАСИЈА ЃУРЧИНОВА: ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА БИДЕ СО НАС И ПРЕКУ ОВАА НАГРАДА

Од сѐ срце ѝ благодарам на комисијата: Јана [Михајловска], Владимир [Јанковски], Зорица [Николовска], многу ви благодарам за довербата што ја имате во моето пишување, трогната сум. Се разбира, и не е сега лесно да се каже нешто многу паметно. Им благодарам на моите издавачи. Јас сум овде вторпат. Минатата година „Артконект“ и оваа година „Антолог“.…

Види повеќе

„МЕТАМОРФОЗА ВО ДЕСЕТ ЧЕКОРИ“ – ГОВОР НА ЖАРКО КУЈУНЏИСКИ

„Букстар“ е десет години борба. Борба за слобода. Борба за слобода на мислата. Борба да се биде свој. Борба да се припаѓа, но и борба да се биде поинаков. „Букстар“ е десет години инспирација. Инспирација за писателите, за читателите, за премолчаните и инспирација за заборавените. Кого сè инспираше “Букстар“? Најпрво сите нас тука, од вредните…

Види повеќе

„КАДЕ СМЕ СЕГА“ – ГОВОР НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „БУКСТАР“ 2024

Почитувани гости, почитувани читатели, писатели и преведувачи, почитувани организатори на Букстар, ви благодарам што ми ја доделивте честа да го отворам овој фестивал. Родена сум во 1981 година, во Скопје, во тогашна Југославија. Како една од најмалите држави во федерацијата со јазик којшто беше кодифициран во 1945 година, можам да кажам дека нашата генерација, а…

Види повеќе

„БУКСТАР“ 2024: КНИЖЕВЕН СПЕКТАКЛ ОД КОЈ СЕ ИЗЛЕЗЕ СО СЛАТКА ПРЕОБРАЗБА

4 октомври 2024, Скопје – „Букстар“ во изминатите десет години се трансформираше во уникатен книжевен спектакл кој во четири фестивалски денови донесе полни сали и полни срца. Тоа е главниот впечаток на учесниците и посетителите на десетото, јубилејно издание на Фестивалот на европска литература, кој се одржуваше од 30 септември до 3 октомври под мотото…

Види повеќе

ЗАТВОРАЊЕ СО АЛЕСАНДРО БАРИКО, ПРВИОТ ДОБИТНИК НА „BOOKSTAR“ X10

3 октомври 2024, Скопје – Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучува онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, се затвора годинешното, јубилејно издание на фестивалот на европска литература „Букстар“. Ова воедно е прв каков било директен контакт на големиот италијански и светски автор со својата македонска публика, oткако се…

Види повеќе

АНАСТАСИЈА ЃУРЧИНОВА ДОБИТНИЧКА НА НАГРАДАТА „ДРАГИ“

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Зорица Николовска, претставник одбран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Јана Михајловска, член од семејството…

Види повеќе

ВЕЧЕРВА – СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „BOOKSTAR“ И КОНЦЕРТ НА „ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ“

2 октомври 2024, Скопје – Денес нè чека програмски најисполнетиот ден на годинашниот Фестивал „BookStar“, меѓу кои и свечното доделување на наградата BookStar 2024 на Јон Калман Стефансон од Исланд и концертот на Чалгија Саунд Систем а по повод двата јубилеја – 10 години „Букстар“ и 25 години „Антолог“! Денот ќе започне со „Книжевно отворање…

Види повеќе

ПРЕПОЛНА САЛА ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА „BOOKSTAR“!

ПРЕПОЛНА САЛА ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА „BOOKSTAR“!   1 октомври 2024, Скопје – „Букстар“ е десет години инспирација. Инспирација за писателите, за читателите, за премолчаните и инспирација за заборавените – ова го изјави организаторот на фестивалот и главен уредник на „Антолог“, Жарко Кујунџиски, на свеченото отворање на десетото, јубилејно издание на фестивалот на…

Види повеќе

Интервју со Елисавета Поповска, преведувачката на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно

1. Што претставува за Вас иницијативата за наградата „Драги“? Минатата година, кога се востанови наградата „Драги“, почувствував радост и одобрување. И тоа од две причини: прво, затоа што оваа награда го носи името на мој колега од Филолошкиот факултет, професорот Драги Михајловски, кој со својата преведувачка дејност постави референтни вредности во доменот на преводот на…

Види повеќе

Интервју со Ирена Јурчева, преведувачката на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин

Што претставува за Вас иницијативата за наградата „Драги“?  Благородна иницијатива за истакнување на квалитетните преводи, придонес за афирмација на македонскиот јазик, и потсетник дека задачата на преведувачот не е помалку важна од онаа на авторот. Верувам дека оваа награда ќе остане повеќегодишна традиција и ќе направи многу за преведувачот сè повеќе да излегува од својата…

Види повеќе

АЛЕСАНДРО БАРИКО И ЈОН КАЛМАН СТЕФАНСОН – ЛАУРЕАТИ НА „BOOKSTAR“, ЗА ЈУБИЛЕЈ СО ИМПОЗАНТНA ПРОГРАМА

27 септември 2024, Скопје – Фестивалот „BookStar“ ја објави целосната програма за десетото издание и таа вклучува голем број атрактивни настани и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ…

Види повеќе

Интервју со Анастасија Ѓурчинова, преведувачката на „Интимен живот“ од Николо Аманити

1. Што претставува за Вас иницијативата за наградата „Драги“? Наградата „Драги“ пополнува една очигледна празнина во нашиот културен простор, бидејќи подолго време се соочуваме со недостиг од овој тип признанија што ќе го вреднуваат тој докажано макотрпен, а не секогаш соодветно  компензиран  труд на книжевните преведувачи.   2. Колку се важни наградите во вашата работа?…

Види повеќе

Интервју со Ѓоко Здравески, преведувачот на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ

1. Што претставува за Вас иницијативата за наградата „Драги“? Кога помислувам на Драги Михајловски, помислувам на учител. Драги е еден од моите учители, иако никогаш не ми беше професор. Кога велам учител, мислам на некого на кого се угледувам, некој што ми е светол пример за тоа како треба да се работи. Учам и од…

Види повеќе

Интервју со Екатерина Бабамова, преведувачката на „Градот на победата “ од Салман Ружди

  1. Што претставува за Вас иницијативата за наградата „Драги“? Самото востaнoвување на наградата „Драги“ претставува заслужено признание за придонесот на почитуваниот колега и пријател Драги Михајловски во теоријата и практиката на преводот, особено на книжевниот превод. При средбите со него имав обичај да го поздравам со ’nomen est omen‘, зашто неговото име навистина го…

Види повеќе

ПОЗНАТИ ПЕТТЕ ФИНАЛИСТИ ЗА НАГРАДАТА „ДРАГИ“ 2024

На својот претпоследен состанок за доделувањето на наградата за најдобар превод „Драги“ жири комисијата во состав д-р Јана Михајловска, д-р Зорица Николовска и Владимир Јанковски одлучи во последниот круг на селекција да влезат пет преведувачи-финалисти со изданија објавени од пет издавачки куќи и преводи направени од четири различни јазици (распоредени по азбучен ред според првата…

Види повеќе

БЕНЈАМИН ЛАНГЕР Е ДОБИТНИК НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА НАГРАДА „ДРАГИ“ ЗА ПРЕВОДОТ НА РОМАНОТ „ПИРЕЈ“ НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК! – 10 ПРЕВОДИ ВО ВТОРИОТ КРУГ ЗА НАГРАДАТА „ДРАГИ“ 2024

Жири комисијата во состав: д-р Јана Михајловска, д-р Зорица Николовска и Владимир Јанковски одлучи годинешнaта интернационална награда „Драги“ да ја добие Бенјамин Лангер, универзитетски професор и преведувач, за преводот на безвременскиот роман „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Идејата беше поттикната од фактот дека годинава се одбележуваат 90 години од раѓањето на авторот, како и 44…

Види повеќе

22 ДЕЛА ВО ВТОРИОТ КРУГ ЗА НАГРАДАТА „ДРАГИ“ 2024

Членовите на жири-комисијата за наградата за најдобар книжевен превод „Драги“ го одржа својот прв работен состанок на 20 август 2024 (вторник) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ и одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 14 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од 11 различни јазици. Делата што влегуваат…

Види повеќе

43 ПРЕВОДИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА НАГРАДАТА „ДРАГИ“ 2024

Со големо задоволство објавуваме дека до крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2024), во редакцијата на организаторот пристигнаа рекордни 43 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата се 40 преведувачи, што е повеќе од минатата година. Книгите се објавени од 18 издавачки…

Види повеќе

„BOOKSTAR“ 2024 ЌЕ СЛАВИ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПРЕОБРАЗБА НА ОПШТЕСТВОТО И НА ЛИТЕРАТУРАТА!

    „BOOKSTAR“ 2024 ЌЕ СЛАВИ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПРЕОБРАЗБА НА ОПШТЕСТВОТО И НА ЛИТЕРАТУРАТА!     27 јуни 2024, Скопје – Фестивалот на европската литература „BookStar“ 2024 денес го објави визуелниот идентитет на јубилејното, десетто издание на Фестивалот, кој годинава ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври на повеќе локации во Скопје. Фестивалскиот…

Види повеќе

ОТВОРЕН Е КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ПРЕВОД „ДРАГИ“ 2024

    ОТВОРЕН Е КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР ПРЕВОД „ДРАГИ“ 2024     Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката продукција во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор. За наградата може да се учествува со…

Види повеќе