Со големо задоволство објавуваме дека до крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2024), во редакцијата на организаторот пристигнаа рекордни 43 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата се 40 преведувачи, што е повеќе од минатата година. Книгите се објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 18 различни јазици. Опфатени се четириесет странски автори од сите жанровски категории – романи, раскази, книги за деца, драми. Сето тоа сведочи за разгранета и опсежна преведувачка продукција, но и за многу силна конкуренција.
Во прилог е комплетниот список на пристигнати дела:
- Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на Антолог, 2024 година;
- Ана Неверова-Христова и Филип Христов за преводот од руски на „Злосторство и казна“ од Фјодор М. Достоевски, издание на Антолог, 2024 година;
- Горјан Костовски за преводот од англиски на „Страв од разделба“ од Гевин Бредли, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година;
- Дарко Спасов за преводот од словенечки на „Агни“ од Борут Крашевец, издание на Чудна шума, 2023 година;
- Диана Николовска за преводот од англиски на „Оџачарот“ од Џонатан Оксие, издание на Чудна шума, 2023 година;
- Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на Бегемот, 2024 година;
- Ѓорѓи Крстевски за преводот од руски на „Паѓаат старици“ од Данил Хармс, издание на Бегемот, 2024 година;
- Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на Артконект, 2023 година;
- Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на Илика, 2024 година;
- Ели Пујовска за преводот од холандски на „Несреќникот“ од Луис Коуперус, издание на Макавеј, 2024 година;
- Ели Пујовска за преводот од холандски на „Пена и пепел“ од Јан Јакоб Слауерхоф, издание на Макавеј, 2023 година;
- Емилија Мајсторова Стојановска за преводот од грчки на „Момчето од ложата“ на Ангелики Дарласи, издание на Бата прес, 2023 година;
- Живко Грозданоски за преводот од италијански на „Пред да падне ноќ“ од Силвија Векини, издание на Бата прес, 2023 година;
- Звонко Димоски за преводот од полски на „За кентаурите“ од Зузана Гинчанка, издание на Ма продукција, 2024 година;
- Златко Панзов за преводот од унгарски на „Деветтиот живот на принцот на мачките“ од Дора Гимеши, идание на ИД-Концепт консалтинг и дизајн, 2024;
- Ивица Челиковиќ за преводот од шведски на „Големиот банкет“ од Сара Бергмарк Елфгрен, издание на Бата прес, 2023 година;
- Игор Поповски за преводот од шпански на „Смрт на Андите“ од Марио Варгас Љоса, издание на Полица, 2024 година;
- Игор Поповски за преводот од шпански на „Тетка Хулија и скрибоманот“ од Марио Варгас Љоса, издание на Полица, 2024 година;
- Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на Паблишер, 2023 година;
- Искра Бадева за преводот од норвешки на „Историја на пчелите“ од Маја Лунде, издание на Антолог, 2023 година;
- Искра Бадева за преводот од норвешки на „Распарчени“ на Хилде Миклебуст, издание на Бата прес, 2024 година;
- Јелена Милошевиќ за преводот од англиски на „Нешто неочекувано“ од Кејт Шопен, издание на Ј. Милошевиќ, 2023 година;
- Калина Малеска за преводот од англиски на „Мали нешта како овие“ од Клер Киган, издание на Артконект, 2023 година;
- Катарина Ѓурчевска Атанасовска за преводот од англиски на „Даблинци“ од Џејмс Џојс, издание на Макавеј, 2023 година;
- Катерина Шекутковска за преводот од германски на „Мачката Елеонора“ од Карен Јес, издание на Илика, 2024 година;
- Катица Гароска Ацевска за преводот од француски на „Ти си поезија“ од Патрис Павис, издание на Перун артис, 2023 година;
- Лидија Војноска Христоска за преводот од англиски на „Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс, издание на Арс Либрис, 2023 година;
- Лидија Димковска за преводот од романски на „Беззборовната Ела“ од Викторија Патрашку, издание на Чудна шума, 2023 година;
- Лидија Танушевска за преводот од полски на „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ oд Дионисиос Стурис, издание на Славика либрис, 2023 година;
- Маја Лазаревска за преводот од бугарски на „Трошки на хартија“ од Марија Росен, издание на Артконект, 2023 година;
- Маја Стојаноска-Филдишев за преводот од англиски на „Град во облаците“ од Ентони Дор, издание на Матица македонска, 2024 година;
- Марија Николовска за препевот од француски на избор песни „Алексис Берно“, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година;
- Милан Дамјановски за препевот од англиски на избор песни „Адам Хоровиц“, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година;
- Наде Поп-Гаврилова за препевот од шпански на „Место на утопии“ од Хорхе Палма, издание на Макавеј, 2023 година;
- Ненад Баткоски за преводот од хрватски на „Лето на езерото Чиче“ од Јасминка Тихи-Степаниќ, издание на Бата прес, 2023 година;
- Ненад Трповски за преводот од португалски на „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото, издание на Антолог, 2024 година;
- Оливера Павловиќ за преводот од руски на „Градината“ од Марина Степнова, издание на Антолог, 2023 година;
- Родна Русковска за преводот од шведски на „Куќа без огледала“ од Мортен Санден, издание на Чудна шума, 2024 година;
- Сашо Огненовски за преводот од српски на „Лице од стакло“ од Марија Караклајиќ, издание на Перун артис, 2023 година;
- Сашо Огненовски за преводот од српски на „Театар од хартија“ од Милорад Павиќ, издание на Перун артис, 2023 година;
- Татјана Срцева Павловска за преводот од англиски на „Вини Пу“ од Алан А. Милин, издание на Макавеј, 2023 година;
- Томе Сиљаноски за преводот од англиски на „Белешки на еден стар гад“ од Чарлс Буковски, издание на Бегемот, 2023 година;
- Филип Димевски за преводот од полски на „Човекот каков е, секој гледа“ од Мажена Матушак, издание на Сказнувалка, 2023 година;
Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ годинава ќе ја сочинуваат д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Зорица Николовска (редовен професорор на Катедрата за германски јазик и книжевност и преведувач; претставник предложен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“) и Владимир Јанковски (писател и преведувач, претставник предложен од издавачката куќа „Антолог“).
Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.
Следете нè на:
Награда ДРАГИ
https://www.facebook.com/nagradadragi/