Разговор со авторите Драго Гламузина (Хрватска) и Бранко Росиќ (Србија)
Регионалната книжевност на Балканот е повеќе од збир од национални книжевности. Таа, освен што денес се простира во речиси десеттина (условно мали) држави, во различни периоди опстојувала во рамки на неколку (и не толку мали) сојузи. Поради тоа, таа покажува оригинални специфики, истовремено на различни поетики и традиции, а истовремено врски на сличности и комуникација. Поради својата атипичност, регионалната книжевност може да претставува привлечен книжевен „пакет“ за остатокот на Европа и светот. По еден подолг период на оддалечување се слушува период на приближување. Но дали е дојдено време за заеднички настап?
За овие теми, а и за многу прашања поврзани со нивното лично творештво ќе разговараат писателот и уредникот во една од најголемите издавачки куќи во Хрватска („ВБЗ“), Драго Гламузина, и писателот и новинарот кој објавува во најголемата издавачка куќа од Србија („Лагуна“), Бранко Росиќ.
Во своите книги Росиќ е силно заинтерсиран за нашето милје и во неговите дела многу директно се посочени сите аномалии на денешните балкански општества во „најважните“ сегменти – политика, шоу-бизнис, новинарство, маркетинг, уметност. Драго Гламузина, пак, е автор што ја обележа хрватската литература во последните дваесеттина години, како со својата поезија така и со својата проза, а за што сведочат и низата награди во авторскиот „регал“. Преку својата многу често „карверовска“ естетика на дисциплирано и страсно раскажување се занимава со сокриени внатрешни светови кои избликнуваат во екстазата на шокантно и болно разоткривање. Дали овие моќни авторски пристапи имаат свое заедничко тежиште?
Настанот ќе го модерираат Александар Маџаровски и Иван Шопов.