Книжевен стендап настап на Марјан Георгиевски
Големите книжевници го оставиле своето дело да живее низ вековите.
А ние читателите имаме една задача, да ги читаме великаните и во нивните дела да пронаоѓаме нови толкувања и паралели кои кореспондираат со денешнината.
Толстој, Достоевски, Кафка, Хемингвеј, Ибзен, Бекет, метаморфози, злостори, љубов за време на… процес…
Е па, луѓе мои, овој настан нема да се занимава со ова погоре напишаното.
Ова е стендбук комедија која ќе даде поглед на „малиот“ човек, кон сè што е поврзано со книги и книжарници, но превртено наопаку…
И тоа со неверојатниот Марјан Георгиевски.