Што имаат да кажат авторите кога зборуваат надвор од своите книги? Пред микрофонот во Лабораториум, во пријатна кафе-муабет атмосфера, ќе слушнеме што се врти во главата на дел од госите на „BookStar“ Од книжевност, општествено релеванти теми и нивниот престој во Скопје, ова е можност во живо да присуствувате на снимањето на новите епизоди на првиот книжевен поткаст кај нас.
Жозе Луиш Пејшото (Португалија) – 30 септември 17.00
Здравка Евтимова (Бугарија) – 30 септември 18.00
Кристијан Новак (Хрватска) – 1 октомври 17.30
Јон Калман Стефансон (Исланд) – 1 октомври 18.30
Игор Маројевиќ (Србија) – 2 октомври 18.00
Претходните епизоди преслушајте ги на Јутјуб, на каналот на „Антолог“: