Во неколку наврати авторите на „BookStar“ биле гости на факултетите и универзитети во нашата држава. Тоа е затоа што студентите се инспирацијата на секоја борба, книжевна и вонкнижевна. Во тој спој на умовите жедни за знаења и промени, и искусните творци што со векови ја давале искрата на револуцијата се толку значајни. Годинава, во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ќе организираме две такви средби:
Луцие Фаулерова (Чешка) – 3 октомври, 9.30
Во соработка со Катедрата за славистика и проф. д-р Јасминка Делова Силјанова
Наџат ел Хачми (Шпанија) – 3 октомври, 10.00
Во соработка со Катедра за романски јазици и книжевности и доц. д-р Сања Михајловиќ-Костадиновска