Од минатогодишниот „BookStar“, почетокот на фестивалот е означен со моќните мисла и зборови на некој реномиран македонски писател. За таа цел, секој од нив подготвува кус пригоден текст со кој фрла поинаква светлина врз сопственото творештво, но поставува и вертикала на книжевниот и општествен контекст во (не)времето што го живееме, а во дослух со фестивалската тема. Бидејќи фестивалите постојат за да се слушне гласот на писателите. Авторот што годинава ќе се обрати пред скопската публика е Лидија Димковска, која не само што е актуелна со новиот роман туку отсекогаш била и гласноговорник против општествените аномалии.
Category: Програма 2023