ПОВОД: „АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА СЛЕМ ПОЕЗИЈА“
Учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпче, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади
Поетскиот слем натпревар е модерен, перформативен начин на интерпретирање авторски текстови и е од натпреварувачки карактер. Петчлено жири кое се избира од публиката ги бодува текстовите и начинот на изведба. Настапувач(к)ите на располагање го имаат само својот авторски текст, кој е потребно да се изведува напамет на микрофон без други реквизити или музика и три до пет минути време за настап.
Националниот Поетски слем Македонија од Прилеп е настан кој од 2011 година традиционално се одржува во организација на ЗГ Театарска работилница – Прилеп и Игор Трпчески, а во коорганизација на Елена Пренџова. Алманахот со песните на сите учеснички и учесници традиционално се публикува секоја година. Победниците на „Поетски слем Македонија“ се квалификуваат за учество на Европскиот поетски слем натпревар каде што до сега имало седум претставници од Годинава. На овие поетски натпревари досега учествувале 150-200 автори од повеќе градови. Отпечатени се десет збирки поезија, две електронски изданија и двојазичната „Антологија на македонската слем поезија“, која во моментов се преведува на шпански и на српски јазик.
Повеќе за Театарската работилница Прилеп и фото за Поетскиот слем Македонија на: teatarskarabotilnica.mk.