Перица Сарџоски (1976) е поет, писател, преведувач и толкувач, истражувач, едукатор, иноватор на образовни програми, како и основач на училиштето за англиски јазик Пегасус ЕЛС. Дипломирал на Филолошкиот факултет (англиски јазик и книжевност) во 2001 година. Во 2005 година ја има издадено поемата со наслов „Карпа жива“. Има издадено и роман патопис со наслов „Цветниот пат“ (2006). Во последно време настапува заедно со една прекрасна екипа на поети, актери и уметници кои ја промовираат слем поезијата како нов начин на комуникација со публиката. Автор е и на стихозбирката „Огнен пој“ (2023). Сарџоски е и книжевен преведувач.