Давор Стојановски (1987) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистер е по македонска книжевност. Работел како копирајтер и уредник. Од словенечки јазик превел дела од неколку автори. Каетан Кович, Горан Војновиќ, Драго Јанчар, Ања Мугерли итн. Неговиот втор роман „Собирачи на пепел“ ја освои наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2016. Третиот роман „Утеха за голите“ беше номиниран за Наградата за книжевност на Европската Унија за 2020. Застапен е во повеќе домашни и странски антологии и книжевни списанија. Поранешен член на бендот Foolish Green. Живее во двојазичната (германско-словенечка) област Кернтен/Корошка во Австрија.