Аница Блажеска (1983) e родена во Тетово. Сè уште учи, се надоградува, работи и упорно не пишува. Таа е сурово реална, безобразно трезвена и интелектуално емотивна поетеса. Нејзините настапи се природни и спонтани до степен на симпатична и искрена сценска наивност – сосема спротивна на луцидноста и зрелоста на нејзината поезија.