Нермин Молаоглу е родена во 1975 година во Бугарија. Дипломирала на Универзитетот Тракија во 2000 година. По нејзиниот прв мастер на Универзитетот во Конектикат, запишала втор на Универзитетот Билги во Истанбул за правните дупки во авторските и преведувачките права.Во 2005 година ја основала Книжевната агентција Калем. Покрај продажбата на права од странски јазици на турски,…
Д-р Лидија Танушевска, редовен професор на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, е родена во 1969 г. во Скопје. Дипломирала во 1991 г. на Филолошки факултет и се стекнала со звањето дипломиран филолог по македонски јазик и полски јазик и книжевност. Магистрирала во 2003 г., а докторирала во 2010 г. на…
Весна Мојсова-Чепишевска (1967, Скопје). Дипломирала (1989), магистрирала (1996) и докторирала (2002) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Веднаш по дипломирањето, во 1990 година е вработена на Факултетот, каде го минува сиот досегашен работен век, од асистент до редовен професор. Предава група предмети од областа…
Александра Пановска Илиевска (1985) дипломирала на Филозофскиот факултет – социјална политика. Студент е на BRAINSTER, дигитален маркетинг. Сопруга на Александар и мајка на Сара. Во својата кариера има соработувано со многу компании и со гордост секогаш ги споделува, а тоа се Мерцедес, Хјунади, АД Осигурителна полиса, Нула ОТПАД. Дел е од основачите на…
Александра Јуруковска е книжевен кртичар, новинар и промотор на културата. Автор е на книгите: „Ткаење на текстот“ (новинска критика; Силсонс, 2014), „Медиумскиот егзил на книжевноста“ (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и „2 минути и 40 реда“ (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Автор е и на бројни есеи и студии и…
Јасминка Марковска е преведувачка и писателка од Скопје. Дипломирала на Катедрата за компаративна литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како и на Универзитетот „Ратгерс“ во Њу Џерси, САД. Магистрирала на Универзитетот во Осло, Норвешка. Авторка е на неколку драми, поезија и книжевни есеи. Превела повеќе прозни и поетски дела на…
Милан Дамјаноски е роден на 23 август, 1977 година во Скопје. Вработен е на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што во моментот ја извршува функцијата редовен професор по англиска книжевност и конференциско толкување, при што ги предава предметите Англиска книжевност, Теорија на преведување и толкување, Конференциско…
Јордан Коцевски (1983) ја започна кариерата во академската сфера и во 2014 година се здобива со титулата Доктор по менаџмент во туризам и угостителство. Има напишано повеќе од триесет научни и стручни трудови пред да му здосади и да одлучи да ја следи својата страст да стане писател. Пред да почне да…
Тијана Милиќ (1997) е културна работничка со голема љубов кон пишаниот збор. Завршила туризмологија на Катедрата по географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работела како туристички водич, а од 2019 активно се занимава со организација на настани поврзани со филмот, музиката, спортот и литературата. Пишува проза. Авторка е на делата „Животот во моја кожа“ (2011)…
Драгица Стаменковиќ е психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија и психотерапевт. Има своја приватна пракса во којашто работи со семејства и индивидуално. Нејзината експертиза се состои од повеќе психотерапевтски модалитети што ѝ овозможува да креира пристап на работа кој е интегративен и креативен. Литературата, филмот, музиката и уметноста се ресурси кои ги користи во психотерапевтската…










