Ана Голејшка Џикова (1987) е македонска писателка и поетеса. Авторка е на стихозбирките „Љубов на улица“ (2013), „Напишан дом“ (2018) и „Слобода А“ (2022), како и на три сликовници за деца. Покрај тоа, објавила песни во американското списание „Мантис“ (2017) и во австриското книжевно списание „Литератур унд критик“ (2020). Заедно со Ѓоко Здравески е основачка…

Билјана Црвенковска (1973) е писателка, сценаристка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа „Чудна шума“, како и на истоименото е-списание за деца (www.cudnasuma.com). Пишува претежно за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии, како и стрипови. Има напишано неколку романи и илустрирани романи…

Јасминка Делова-Силјанова (1972) е редовен професор по чешки јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Катедрата за славистика предава Чешка граматика и Чешка литература и Практика на преведувањето. Учествувала и во подготовката на чешко-македонскиот речник, а од чешки на македонски ги има преведено следниве автори:…

ЖИВКО ГРОЗДАНОВСКИ Македонија Живко Грозданоски (1986) е македонски писател и актуелен претседател на Друштвото на писатели на Македонија. Автор е на повеќе збирки раскази, романи, книги за деца и поезија. Во 2020, под логото на „Булевар ослободување“, ја објавува тријазичната (на македонски, на грчки и на англиски) тематска антологија „Да сум на твое место“, која…

СНЕЖАНА СТОЈЧЕВСКА Македонија Снежана Стојчевска (1980) дипломира на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во 2012 година ја објавува првата поетска книга „Шеќер по подот“ во издание на „Или-или“, како дел од едицијата Русалки, во која се јавува како уредник. „Под нулата“ е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели мугри“…

ЃОКО ЗДРАВЕСКИ Македонија Ѓоко Здравески е роден 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Работел како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш, како уредник во издавачките куќи „Бегемот“ и „Темплум“, како библиотекар на Катедрата за македонски јазик…

  Биљана Стојановска (1984) има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“).…