МАКЕДОНИЈА Румена Бужаровска (1981) е македонска писателка, професорка, преведувачка и активистка за женските права. Живее и работи во Скопје каде што се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Џон М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Авторка е…

Златко Панзов (1979) дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал на Институтот за македонска литература, Скопје. Докторанд е на Докторската школа за книжевност при Универзитетот „ЕЛТЕ“ во Будимпешта, Унгарија. Работи како Лектор по македонски јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија, Универзитет…

Александар Русјаков (1977) е македонски писател роден во Велес. Ги објавил книгите: „Голтка восхит од солзите на вечноста“ – поезија, „Ме сакаш ли под дождот?“ – раскази, „Тринаесеттиот месец“ – роман, „Атена со пенис“ – роман, „Курвински хроники“ – роман, „Албино трип“ – роман, „Хотел меѓу две војни“ – роман. Ги добил наградите: Награда „Пегаз“…

Aлександар Шурбатовиќ (1973) е српски поет, писател, преведувач и издавач. Основно и средно училиште завршил во Крагуевац, а во Белград студирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет и археологија на Филозофскиот факултет. Осум години живеел во Амстердам. Долги години бил главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дерета“, а сега е сопственик на издавачката…

Радмила Ванкоска (1988 година) е документарна/концептуална фотографка и видеоуметница. Додипломските студии ги завршила на Филолошкиот факултет во Скопје, а на магистерски студии по дигитални уметности е на Факултетот за медиуми и комуникации, Сингидунум, Белград (Србија). Покрај уметничката пракса се занимава и со едукација поврзана со аналогна фотографија, снимање кратки видеа и монтажа. Своите дела ги…

Никола Ѓелинчески (1988) е преведувач од англиски и шпански јазик на македонски и обратно. Бил наградуван на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ организиран од Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија (ЗПРМ) и Делегацијата на Европската Унија.  Активен член е на ЗПРМ. Уредил бројни изданија и извршил лектура и јазична редакција на голем број…

Ламија Милишиќ (1995) е литературен, театарски и филмски критичар и теоретичар. Во Сараево дипломирала филозофија и компаративна книжевност. Добитничка е на наградата за најдобар студент на Филозофскиот факултет на УНСА и Златната значка на УНСА. Нејзини есеи, текстови од книжевната теорија, критики и научни трудови се објавени во различни регионални списанија и портали. Таа е посветена…

Ена Хасечиќ (1994) е родена во Сараево. Магистрирала на отсекот за книжевност на народите на Босна и Херцерговина и босански, хрватски и српски јазик. Од 2019 година работи во издавачката куќа „Бајбук“ (“Buybook”) како уредничка и ПР. Досега уредила десеттина книги од автори од светот и од регионот. Била проектен лидер на неколку проекти на…

Лиле Јовановска (1997) има учествувано на повеќе поетри слем натпревари низ Македонија. Победник е на Поетри слем Паратисима во 2015 година. Нејзината поезија е објавена во првата „Антологија на македонската слем поезија“. Голем љубител е на сите форми на уметноста во кои се изразува во слободно време, главно преку сликарството и стрип-културата.

Андреј Ал-Асади е роден 1996 година во Лондон. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013), „Под дервишовото сиќе“ (2018), „Небесна геометрија“ (2019) и „Секој секому огледало“ (2021) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е…