Слем натпревар

  ПОВОД: „АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА СЛЕМ ПОЕЗИЈА“ Учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпче, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади Поетскиот слем натпревар е модерен, перформативен начин на интерпретирање авторски текстови и е од натпреварувачки карактер. Петчлено жири кое се избира од публиката ги бодува текстовите и начинот на…

Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана

  Ексклузивна средба и разговор со авторката Софи Хана (Обединетото Кралство) Едно од најголемите читателски задоволства е можноста да се следи омилениот книжевен лик во нови авантури, да се вртат страниците на нова книга со него и со нетрпение да се очекува следната книга во серијалот со него. Што се случува кога авторот престанува да…

Во средиштето на животот

  Разговор со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија) Разговор со две писателки кои припаѓаат на речиси иста генерација и имаат слична академска позадина. Ања Мугерли е родена 1984 година и дипломирала словенистика, а Луцие Фаулерова е родена 1989 година и дипломирала бохемистика. Двете објавени книги, збирката раскази „Пчелно семејство“ на Мугерли и…

(Не)возможен пар – автор и преведувач

  Панел во контекст на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ „(Не)возможен пар – автор и преведувач“ е насловот на разговорот во кој учествуваат четворица писатели и нивните преведувачи. Во разговорот, преку соочување на писателските и преведувачките перспективи уште еднаш ќе се проговори за прашањата и дилемите поврзани со авторството и авторското во преведувачкиот…

Кога писател шета писатели

  Неформална тура на Васко Марковски низ Скопје за учесниците на „BookStar“ Скопјани го знаат Васко Марковски како учесник на безброј книжевни настани во улога на поет, раскажувач, сестран музичар, фотограф, преведувач, новинар. Но сега главно како запознавач на странските туристи со душата на Скопје. И нема подобар лик за тоа. Бидејќи Васко е човек…

Приказни што вознемируваат

  Разговор со авторите Стефан Хертманс (Белгија) и Франсис Кирпс (Луксембург) Литературата отсекогаш имала потреба да ги разниша контурите на воспоставениот поредок на нештата. Да деконструира, да (де)контекстуализира, освести, промени. Преку светот што го материјализира да го измести читателот од неговата удобна позиција и да го натера да поставува прашања за тоа дали работите се…

Резервна татковина од нашето време

  Разговор со авторите Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ) и Лидија Димковска (Македонија) Нема да згрешиме ако кажеме дека Миљенко Јерговиќ веројатно е најзвучното авторско име од просторите на поранешна Југославија, за кој уредниците секогаш тешко се одлучуваат да напишат дали припаѓа на оваа или онаа национална книжевност. Роден е во Сараево, кое никогаш не го напуштил,…

Книжевно читање „Не ме замараш“

  Девет европски и девет македонски автори на книжевен мегдан. Јазикот, стилот, делото и начинот како ќе го изведат е нивен избор. Ваша е задачата да бидете предизвикани. И да ја искусите возбудата на текстот. Останете вознемирени….. За тимот на странски учесници: Наџат ел Хачми (Шпанија), Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург),…

„Како да се стане слемер?“ 

  Креативна работилница со Франсис Кирпс (Луксембург) Долго време се зборуваше за минатогодишната работилница која пред преполното Џебно кино во МКЦ ја одржа Кристина Гавран од Хрватска. А сега ви подготвивме нешто подеднакво специјално! Од „најбогатата држава во Европа“ ни доаѓа Франсис Кирпс, човек кој пред сè е богат со своите таленти и моќ да…

Средби со студенти

Во неколку наврати авторите на „BookStar“ биле гости на факултетите и универзитети во нашата држава. Тоа е затоа што студентите се инспирацијата на секоја борба, книжевна и вонкнижевна. Во тој спој на умовите жедни за знаења и промени, и искусните творци што со векови ја давале искрата на револуцијата се толку значајни. Годинава, во соработка…