ЈАС – Агата Кристи, ЈАС – Софи Хана

  Ова не е само покана за настан за сеќавање, ова е и GIVEAWAY на „ТИВКАТА НОЌ НА ХЕРКУЛ ПОАРО“  – НАЈНОВАТА КНИГА НА СОФИ ХАНА! На 4 октомври, во 20:00 часот, во Младински Културен Центар, кино „Фросина“, дојдете на ексклузивна средба и разговор со авторката Софи Хана (Обединетото Кралство). Едно од најголемите читателски задоволства…

Во средиштето на животот

  На 4 октомври, во 19:00 часот, во Младински Културен Центар, кино „Фросина“, дојдете на разговор со авторките  Луцие Фаулерова (Чешка) – авторка на „Девојката Смрт“ и Ања Мугерли (Словенија) – авторка на „Пчелно семејство“. Разговор со две писателки кои припаѓаат на речиси иста генерација и имаат слична академска позадина. Ања Мугерли е родена 1984…

Кога писател шета писатели

  Дел од фестивалската програма е и неформалната тура на Васко Марковски низ Скопје за учесниците на „BookStar“.   КОГА ПИСАТЕЛ ШЕТА ПИСАТЕЛИ   Скопјани го знаат Васко Марковски како учесник на безброј книжевни настани во улога на поет, раскажувач, сестран музичар, фотограф, преведувач, новинар. Но сега главно како запознавач на странските туристи со душата…

Ве каниме на панел во контекст на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“!

Настан дебата ЕУ   (НЕ)ВОЗМОЖЕН ПАР – АВТОР И ПРЕВЕДУВАЧ   „(Не)возможен пар – автор и преведувач“ е насловот на разговорот во кој учествуваат четворица писатели и нивните преведувачи. Во разговорот, преку соочување на писателските и преведувачките перспективи уште еднаш ќе се проговори за прашањата и дилемите поврзани со авторството и авторското во преведувачкиот процес.…

Ве каниме на креативна работилница со Франсис Кирпс!

  „КАКО ДА СЕ СТАНЕ СЛЕМЕР?“     Долго време се зборуваше за минатогодишната работилница која пред преполното Џебно кино во @Младински Културен Центар ја одржа Кристина Гавран од Хрватска. А сега ви подготвивме нешто подеднакво специјално! Од „најбогатата држава во Европа“ ни доаѓа Франсис Кирпс, човек кој пред сè е богат со своите таленти и…

Подготвени за уште еден Bookstar настан и giveaway бр. 2?

   ПРИКАЗНИ ШТО ВОЗНЕМИРУВААТ   На 2 октомври, во 21:00 часот, во Младински Културен Центар, кино „Фросина“, дојдете на разговор со авторите Стефан Хертманс (Белгија)  – автор на „Вечно туѓа“ и Франсис Кирпс (Луксембург)- автор на „Мутации“. Литературата отсекогаш имала потреба да ги разниша контурите на воспоставениот поредок на нештата. Да деконструира, да (де)контекстуализира, освести,…

Резервна татковина од нашето време

  На 3 октомври, во 19:00 часот, во @Младински Културен Центар, кино „Фросина“, дојдете на разговор со авторите Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ) и Лидија Димковска (Македонија).  Нема да згрешиме ако кажеме дека Миљенко Јерговиќ веројатно е најзвучното авторско име од просторите на поранешна Југославија. Роден е во Сараево, кое никогаш не го напуштил, иако во 1993…

Книжевно читање „Не ме замараш“

  На 3 октомври, во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ве каниме на особено интересен настан:   КНИЖЕВНО ЧИТАЊЕ „НЕ МЕ ЗАМАРАШ“    Девет европски и девет македонски автори на книжевен мегдан. Јазикот, стилот, делото и начинот како ќе го изведат е нивен избор. Ваша е задачата да бидете предизвикани. И…

Ве каниме на уште еден BOOKSTAR НАСТАН!

Настан Драго   ЗА ШТО ДА БИДЕ ГЛАСНА РЕГИОНАЛНАТА КНИЖЕВНОСТ?  На 2 октомври, во 21:00 часот, во @Младински Културен Центар, кино „Фросина“, дојдете на разговор со авторите Драго Гламузина (Хрватска) – автор на „Вториот закон на термодинамиката“ и Бранко Росиќ (Србија) – автор на „Доаѓањето на матадорот“. Писателот и уредникот во една од најголемите издавачки…

СООПШТЕНИЕ: Мароканско-шпанска писателка Наџат ел Хачми – добитничка на наградата „BOOKSTAR“ 2023

До сите медиуми и редакции за култура СООПШТЕНИЕ   ШПАНСКО-МАРОКАНСКАТА ПИСАТЕЛКА НАЏАТ ЕЛ ХАЧМИ – ДОБИТНИЧКА НА НАГРАДАТА „BOOKSTAR“ 2023   27 септември 2023, Скопје – Фестивалот „BookStar“ ја објави добитничката на наградата „BookStar“ за 2023 година, тоа е Наџат ел Хачми која со особено задоволство пристигнува во Скопје на отворањето на фестивалот, кога ќе…