Наградата се доделува од 2016 година. Првите две години беше наградувана најпродаваната книга помеѓу две фестивалски изданија, но потоа се доделува на најзначајната книга во текот на претходната година.
Наградата се состои од плакета и статуетка дизајнирана од Игор Делов.
Досегашни добитници:
2024 – Јон Калман Стефансон (Исланд), трилогија „Помеѓу рајот и пеколот“
2023 – Наџат ел Хачми (Шпанија), „Во понеделник ќе нè сакаат“
2022 – Светлана Алексиевич (Белорусија), „Војната нема женско лице“
2021 – Миодраг Мајиќ (Србија), „Островот на пеликаните“
2020 – Николо Аманити (Италија), „Ана“
2019 – Евгениј Водолазкин (Русија), „Авијатичарот“
2018 – Славенка Дракулиќ (Хрватска), „Невидлива жена и други раскази“
2017 – Јуси Адлер-Олсен (Данска), „Жената во кафезот“
2016 – Есмахан Ајкол (Турција/Германија), „Убиство во хотел Босфор“
• Признанија за BookStar
• Финалист во категоријата Најдобар фестивал / манифестација за 2022 година на BEAM – Best Event Awards Macedonia
• Специјално признание за промотор на читачката култура за 2022 година на Македонската асоцијација на издавачи.
• Награда за специјален придонес во издаваштвото од Reader’s Choice Book Awards 2021.