ПЕТАР МАТОВИЌ
Србија

Петар Матовиќ е роден во 1978 година во Ужице, а студиите за српска книжевност ги завршил во Белград. Пишува поезија и есеи, објавува во периодиката и застапен е во повеќе антологии во Србија и во странство. Песните му се преведувани на повеќе јазици: полски, англиски, германски, шведски, француски, италијански, шпански, каталонски, португалски, летонски, галициски, романски, словенечки, словачки, унгарски. Ги објавил следните збирки поезија: „Камерни парчиња“ (1996); „Куферите на Џим Џармуш“ (2009; преведени изданија: „Walizki Jima Jarmusha“, Maximum, Kraków, 2011, „Les maletes de Jim Jarmusch“, La Cantarida, Palma de Mallorca, 2013); „Од каде доаѓаат дабрите“ (2013); „Од среќната република“ (2017) и „Не леб, туку морфиум – избрани песни“ (Загреб, 2019). Добитник е на стипендијата „Gaude Polonia“ (Полска, 2013); стипендијата на „Балтичкиот центар за писатели и преведувачи“ (Шведска, 2015); „Традуки“ (Сплит, 2016); „Kultukontakt“ (Виена, 2017) и „Q21“ (Виена, 2017). Учесник е на голем број меѓународни поетски фестивали. Добитник е на наградата „Трећи трг“ (за „Куферите на Џим Џармуш“) и „Бранко Миљковиќ“ за збирката песни „Од среќната република“. Живeе во Пожега.

 

Од среќната република

Превод: Никола Маџиров

Татковината не може да се избрише, макар и во онаа смисла кога ви припаѓа како сеќавање, како носталгија, сепак од неа треба да се побегне, што подалеку, таму од каде што доаѓаат дабрите, таму каде што животот можеби ќе се одвива во привид на каква-таква нормалност што нема да биде оптоварена со сето она што татковината го стори за сопствено валкање и самоуништување.

Со оваа збирка песни Петар Матовиќ потврди дека е еден од најважните гласови на современата српска поезија, која не претставува поза и залажување. Напротив, станува збор за поет кому свеста за стварноста му е подеднакво важна како и онаа за текстуалноста, а тоа е комбинација што ја заслужува сета почит.

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment