Германија
Саша Станишиќ

Саша Станишиќ (1978) е босанско-германски писател. Роден е во Вишеград oд мајка Бошњачка и татко Србин. Во 1992 година пребегнуваат во Германија. Студирал славистички студии во Хајделберг. Со првата книга, „Како војникот го поправа грамофонот“, дебитира во 2006 година. За неа добива голем број награди и преведена е на триесетина јазици. За „Потекло“ ја добива најзначајната книжевна награда во Германија, што од него прави книжевна ѕвезда.

 

 

 

 

 

ПОТЕКЛО
Превод од германски: Елена Конеска Светиева

Вака стојат нештата: земјата во која сум се родил денес веќе ја нема. Додека постоеше, се сметав себеси за Југословен. Како и моите родители: татко ми – Србин, a мајка ми – од бошњачко муслиманско семејство. Бев дете на мултиетничка земја, плод и исповед на двајца луѓе што се сакале и кои југословенскиот melting pot ги ослободил од притисокот на различното потекло и религија.

ПОТЕКЛО е книга за моите потекла, за сеќавањата и откритијата. Книга за јазикот, работата на црно, штафетата на младоста и за многу, многу лета.

Во својот трет роман Саша Станишиќ раскажува како од родниот Вишеград патува за Хајделберг, па се враќа назад во босанските планини кај баба си. Топол, близок, духовит и живописен роман кој ја плени германската публика. Вонсериско дело што ќе ве освои на прво, второ и на секое следно читање.

Германска книжевна награда за 2019 година!

 

Други книги на македонски:

Како војникот го поправа грамофонот, „Готен“, Скопје, 2015.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment