Девет европски и девет македонски автори на книжевен мегдан.
Јазикот, стилот, делото и начинот како ќе го изведат е нивен избор.
Ваша е задачата да бидете предизвикани.
И да ја искусите возбудата на текстот.
Останете вознемирени…..
За тимот на странски учесници: Наџат ел Хачми (Шпанија), Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург), Луцие Фаулерова (Чешка), Стефан Хертманс (Белгија), Бранко Росиќ (Србија), Драго Гламузина (Хрватска), Александар Шурбатовиќ (Србија).
За тимот на домашни учесници: Влада Урошевиќ, Лидија Димковска, Јосип Коцев, Катерина Шошко, Давор Стојановски, Николина Андова-Шопова, Анде Јанков, Симона Јованоска, Александар Русјаков.
Настанот ќе го води Ана Голејшка Џикова и е реализиран во соработка со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.
По читањето е предвидено дегустациско дружење со авторите.