Настан Драго
ЗА ШТО ДА БИДЕ ГЛАСНА РЕГИОНАЛНАТА КНИЖЕВНОСТ?
На 2 октомври, во 21:00 часот, во @Младински Културен Центар, кино „Фросина“, дојдете на разговор со авторите Драго Гламузина (Хрватска) – автор на „Вториот закон на термодинамиката“ и Бранко Росиќ (Србија) – автор на „Доаѓањето на матадорот“.
Писателот и уредникот во една од најголемите издавачки куќи во Хрватска („ВБЗ“), Драго Гламузина, и писателот и новинарот кој објавува во најголемата издавачка куќа од Србија („Лагуна“), Бранко Росиќ седнуваат на иста маса.
Во своите книги Росиќ е силно заинтерсиран за регионалнотомилје и во нив директно се посочени сите аномалии на денешните балкански општества – политиката, шоу-бизнисот, новинарството, маркетингот, уметноста. Драго Гламузина, пак, е автор што ја обележа хрватската литература во последните дваесеттина години, како со својата поезија така и со својата проза, а за што сведочат и низата награди во авторскиот „регал“. Преку својата многу често „карверовска“ естетика на дисциплирано и страсно раскажување се занимава со сокриени внатрешни светови кои избликнуваат во екстазата на шокантно и болно разоткривање. Дали овие моќни авторски пристапи имаат свое заедничко тежиште? И како тоа да се чита во склоп на регионалната книжевност?
Настанот ќе го модерираат Александар Маџаровски @Читачот и Иван Шопов.