МУДАР РАЗГОВОР
Лабораториум 3 октомври, 11:30
Лабораториум 3 октомври, 10:00
ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ Во годината кога се поклопуваат два значајни јубилеја – 10 години Фестивал на европската литература „BookStar“ и 25 години издавачка куќа „Антолог“, всушност обележуваме сè што сме ние: вљубени во книгите, но инспирани од луѓето, изнедрени од традицијата, но заинтересирани за современоста, љубопитни да дознаеме од вас, но подготвени да…
Неформална тура на Васко Марковски низ Скопје за учесниците на „BookStar“ Скопјани го знаат Васко Марковски како учесник на безброј книжевни настани во улога на поет, раскажувач, сестран музичар, фотограф, преведувач, новинар. Но сега главно како запознавач на странските туристи со душата на Скопје. И нема подобар лик за тоа. Бидејќи Васко е…
Онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико (Италија), специјална награда „BookStar“ X10 за исклучителни достигнувања во литературата. Малкумина се авторите за кои може да се дадат толку многу епитети како Алесандро Барико, а тие да се целосно оправдани. Накратко, со гаранција тој е најпознатиот и најомилениот италијански писател и интелектуалец кој стана светска сензација, автор…
Што претставува за Вас иницијативата за наградата „Драги“? Благородна иницијатива за истакнување на квалитетните преводи, придонес за афирмација на македонскиот јазик, и потсетник дека задачата на преведувачот не е помалку важна од онаа на авторот. Верувам дека оваа награда ќе остане повеќегодишна традиција и ќе направи многу за преведувачот сè повеќе да излегува од својата…
Доделување на наградата „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ Разговор со авторот Јон Калман Стефансон (Исланд) „Нашите зборови се збунети спасувачки тимови со застарени мапи и птичја песна наместо компаси. Збунети и целосно изгубени, а работа им е да го спасат светот, да ги спасат згаснатите животи, да ве спасат вас, а…
Разговор со авторите Жозе Луиш Пејшото (Португалија) и Здравка Евтимова (Бугарија) Никогаш во животот не сме исти, ниту, пак, стапнуваме во иста река. Духовната миграција и еволуцијата на човештвото се допираат во онаа точка каде што поединците тргнуваат на патување кон откривањето на себеси и трансформацијата на единката во себе. Таквиот динамичен процес, одразува…
Панел во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка (1883 – 1924) Делото на Кафка ги потопува читателите во неговото – на моменти надреално – на моменти хиперреално – царство, преполно со егзистенцијални нервози и бирократски апсурди, создавајќи длабоко лично искуство, колку за читателите, толку и за преведувачите. Преводот…
27 септември 2024, Скопје – Фестивалот „BookStar“ ја објави целосната програма за десетото издание и таа вклучува голем број атрактивни настани и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ…