Приказни што вознемируваат

  Разговор со авторите Стефан Хертманс (Белгија) и Франсис Кирпс (Луксембург) Литературата отсекогаш имала потреба да ги разниша контурите на воспоставениот поредок на нештата. Да деконструира, да (де)контекстуализира, освести, промени. Преку светот што го материјализира да го измести читателот од неговата удобна позиција и да го натера да поставува прашања за тоа дали работите се…

Резервна татковина од нашето време

  Разговор со авторите Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ) и Лидија Димковска (Македонија) Нема да згрешиме ако кажеме дека Миљенко Јерговиќ веројатно е најзвучното авторско име од просторите на поранешна Југославија, за кој уредниците секогаш тешко се одлучуваат да напишат дали припаѓа на оваа или онаа национална книжевност. Роден е во Сараево, кое никогаш не го напуштил,…

Книжевно читање „Не ме замараш“

  Девет европски и девет македонски автори на книжевен мегдан. Јазикот, стилот, делото и начинот како ќе го изведат е нивен избор. Ваша е задачата да бидете предизвикани. И да ја искусите возбудата на текстот. Останете вознемирени….. За тимот на странски учесници: Наџат ел Хачми (Шпанија), Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург),…

СООПШТЕНИЕ: Не постои свет во кој жените не треба да бидат загрижени – Наџат ел Хачми, добитничка на наградата „BookStar“

До сите медиуми и редакции за култура   СООПШТЕНИЕ   НЕ ПОСТОИ СВЕТ ВО КОЈ ЖЕНИТЕ НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ЗАГРИЖЕНИ – НАЏАТ ЕЛ ХАЧМИ, ДОБИТНИЧКА НА НАГРАДАТА „BOOKSTAR“   3 октомври 2023, Скопје –  Со инспиративното обраќање на писателката Лидија Димковска, насловено „Со или без Please“ минатата вечер во ки­но­то „Фро­си­на“ во Младинскиот кутурен…

„Како да се стане слемер?“ 

  Креативна работилница со Франсис Кирпс (Луксембург) Долго време се зборуваше за минатогодишната работилница која пред преполното Џебно кино во МКЦ ја одржа Кристина Гавран од Хрватска. А сега ви подготвивме нешто подеднакво специјално! Од „најбогатата држава во Европа“ ни доаѓа Франсис Кирпс, човек кој пред сè е богат со своите таленти и моќ да…

Средби со студенти

Во неколку наврати авторите на „BookStar“ биле гости на факултетите и универзитети во нашата држава. Тоа е затоа што студентите се инспирацијата на секоја борба, книжевна и вонкнижевна. Во тој спој на умовите жедни за знаења и промени, и искусните творци што со векови ја давале искрата на револуцијата се толку значајни. Годинава, во соработка…

Креирање одржливи партнерства помеѓу регионот и остатокот на Европа – прва fellowship конвенција на издавачи

    Учесници: Пламен Тотев (Бугарија), Ламија Милишиќ (Босна и Херцеговина), Драго Гламузина (Хрватска), Александар Шурбатовиќ (Србија), Ена Хасечиќ (Босна и Херцеговина), Жарко Кујунџиски (Македонија) Во склоп на фестивалот ќе се организира и тркалезна маса помеѓу група претставници на значајни регионални издавачки куќи и фестивали за да ги дискутираат можностите да се зголеми соработката во…

Книжевен поткаст „Гол ручек“

Автор-водител: Душко Крстевски На „BookStar“ 2023 на сцената на Џебното кино во МКЦ пред микрофонот ќе седнат петмина европски писатели, кои имаат што да кажат на многу книжевни, но и општествени релевантни теми. Ова е можност во живо да присуствувате на снимањето на новите епизоди од првиот книжевен поткаст кај нас. Првата епизода беше емитувана…