ПРАВДА ЗА КРАТКАТА ПРОЗА!
Разговор со авторите: Мајнхард Раухенштајнер (Австрија), Владимир Мартиновски, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Иван Шопов
Модератор: Владимир Јанковски
Краткиот расказ отсекогаш бил предизвик за писателите – форма што бара концентрација, јазична прецизност, експлозивна реакција и моќ на сугестија. Во овој разговор авторите од различни генерации и книжевни контексти ќе ги споделат своите размисли и искуства за можностите што ги нуди кратката проза: нејзините потенцијали за експериментирање, автентичноста на изразот, предностите во однос на други жанрови, но и нејзините ограничувања и предизвици. Настанот е покана за дискусија околу тоа како краткиот расказ може да влијае врз современата книжевност и читателските навики, не само во контекст на Македонија, туку и во контекст на европската литература во целина.