МАЈСТОРОТ Е ТУКА!
Разговор со авторот Ахмет Умит (Турција)
Модератор: Јордан Коцевски
Во ова ексклузивно соочување со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, ќе зборува за своето богато творештво, инспирациите зад неговите книги и за улогата на книжевноста во општеството. Од поезијата и расказите до романите што стекнаа култен статус и беа адаптирани во филмови и серии, Умит остава длабока трага во современата литература. Во разговорот ќе се отвори и прашањето за поврзаноста меѓу историјата, културата и урбаните митови во неговите дела, како и за глобалниот одѕив на неговата проза, преведена на повеќе од триесет јазици.
Влезот е бесплатен, но местата се ограничени!!