НЕКОЛКУ ЗБОРОИ ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ СОВРЕМЕНИ КЛАСИЦИ
Разговор со авторите Блаже Миневски, Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски, Оливера Ќорвезироска
Модератор: Владимир Мартиновски и Александра Јуруковска
Што значи да се биде „класик“ во македонската книжевност? Дали такви имиња навистина постојат, кои се тие и според кои критериуми ги препознаваме? Панелот ќе отвори дискусија за тоа што подразбираме под поимот „современ класик“ и како се создава канон во националната книжевност. Ќе се зборува за третманот на писателите кои веќе се сметаат за класици, но и за оние кои би можеле да станат дел од таа категорија во иднина: дали нивните дела се доволно присутни во јавноста, колку се застапени во образовните програми и што тоа значи за идните генерации читатели.
Особено внимание ќе се посвети на прашањата за критичкиот пристап: дали класиците смееме да ги преиспитуваме и критикуваме, или тие остануваат недопирливи авторитети? Како се менува перцепцијата за еден писател со текот на времето, и што значи неговото дело за културната меморија?
Панелот ќе отвори и тема за улогата на издавачите: што прават тие за да ги одржат во живот класичните дела – преку нови изданија, едиции, критички вештини и промоции – и колку овие активности влијаат врз актуелноста на класиците во современиот културен простор.
Авторите, секој од своја перспектива – романсиерска, критичка, есеистичка или академска – ќе ги преиспитаат границите меѓу традицијата и современоста, и ќе понудат идеи за тоа како треба да изгледа односот кон македонските современи класици денес.