Литература, но од каде и за каде?
Оваа година во склоп на Фестивалот се одржува втората конвенција помеѓу група претставници на значајни издавачки куќи, преведувачи, оператори и претставници на реномирани културни институции. Заедно ќе споделат искуства за значајноста на литература во регионот и во странските земји и можностите за нејзина дисеминација.
- Дали домашните автори би се читале надвор од регионалните граници?
- Колку македонската литературе буди интерес кај странските издавачи?
- Дали е предизвик да се најде соодветниот македонски писател за странската публика?
- Кои се условите и придобивките од програмите за субвенции на превод?
- За каква литература се интересира „Западот“?
- Како да се соработува на меѓународно рамниште?
Настанот има за цел да ги промовира домашните литературни проекти и да се зајакне со искуства и практики од странските гости. Ќе се постават темели за успешни идни соработки преку издавање на автори, промоција на домашната книжевна сцена, организирање фестивали, гостувања, резиденции и професионални конференциии.
Домашни учесници: Владимир Мартиновски (Филолошки факултет „Блаже Конески“), Билјана Туџаровска Ќупева (Министерство за култура на Република Северна Македонија), Живко Грозданоски (Друштво на писатели на Македонија), Снежана Стојчевска (ГБ „Браќа Миладиновци“), Тијана Милиќ (writers.mk)
Странски учесници: Надеж Агило (Издавачка куќа „Агило“, Франција), Џорџија Спадони (преведувач, Италија), Тино Шленх („Литературпаласт“, Австрија), Манол Пејков („Жанет 45“, Бугарија), Бенјамин Лангер (преведувач, Германија)
Настанот ќе биде модериран од страна на Тијана Милиќ и Пепи Стамков.