Замислено како мешавина од домашна и странска енергија во синергија, читањето на десетте автори и годинава ја истакнува хетерогеноста на „Bookstar“. Пет македонски и пет странски автори од Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка и Португалија читаат извадок од своето дело на мајчин или на друг јазик, доловувајќи ја суштината, како на нивните уметнички дела, така и на културата од каде што доаѓаат. Метаморфозата живее во јазиците, пишаните форми и начинот на кој се читаат делата, и се создава простор за проследување на една литературна преобразба.
Каде води следната промена?
Странските гости кои ќе придонесат кон метаморфозата се: Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Фарук Шекиќ (Босна и Херцеговина), Кристијан Новак (Хрватска), Мирженка Чехова (Чешка), Здравка Евтимова (Бугарија).
Домашните гости кои ќе придонесат кон метамормозата се: Оливера Ќорвезироска, Васко Марковски, Биљана Стојановска, Живко Грозданоски, Ана Голејшка-Џикова.
Настанот ќе го води Пепи Стамков и е реализиран во соработка со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.