Креативна работилница со Паола Перети (Италија)
Дали најтрагичните и најмрачните моменти во животот се оние кои будат длабока, исконска инспирација кај луѓето? Дали мора нешто драстично да се смени од корен, нешто што ќе го пресече нормалниот тек на нештата, за човекот да се посвети на автентична креативност?
За сè ова, својата мудрост со нас ќе ја сподели авторката Паола Перети од Италија. Како креативец кој уште многу рано во животот морал да се соочи со еден од најголемите предизвици – постепено губење на видот. Таа во својот прв роман „Чекорите до црешовото дрво“ раскажува приказна за девојче на кое му откриле Старгардова болест чиј краен ефект е целосно слепило. Вистинската приказна зад оваа книга е, всушност, животната приказна на самата авторка.
Што се случува кога светот почнува да се затемнува?
Кои се сликите кој еден автор ги гледа во својата глава?
Како се пренесува приказната што боли?
Како се создава дело што подеднакво ги привлекува и децата и родителите?
„Bookstar“ ни дава единствна прилика одблизу да ги слушнеме одговорите на авторката. Паола е решителна во својата мисија да работи со деца фокусирајќи се на теми како попреченоста, различноста и литературата. А со тоа, и да го менува светот.
Пријавете се на: bookstar@antolog.mk најдоцна до 30.9.2024 година.