Златко Панзов (1979) дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал на Институтот за македонска литература, Скопје. Докторанд е на Докторската школа за книжевност при Универзитетот „ЕЛТЕ“ во Будимпешта, Унгарија. Работи како Лектор по македонски јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија, Универзитет „ЕЛТЕ“, Будимпешта. Од 2005 година активно се занимава со книжевен превод. Досега, самостојно или заедно со Анамарија Цинеге-Панзова, објавил над триесет преводи од унгарски јазик. Од 2019 ја организира манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта“. Живее во Унгарија.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment