Соња Стојменска-Елзесер (1963) е научен советник и професор на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзини истражувачки интереси се: компаративна книжевност, културолошки студии, културна географија, славистика и македонистика. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН-центар. Објавила неколку книги есеи и книжевна критика: „Пулсирачка филологија“ (1997), „Игропис: есеи за книжевниот лудизам“ (2004), „Споредбена славистика“ (2005), „Еквилибриум/Equilibrium“ (2009), „Со посвета“ (2013), „(Не)секојдневни љубопитства“ (2018), „Книжевен бинокулар“ (2022) и уредила голем број научни зборници и други публикации. Таа е еден од основачите и главен уредник на ревијата за компаративна книжевност и културолошко истражување Контекст. Добитник е на наградата „Димитар Митрев“ за 2022 година. Преведува од чешки јазик.