СОФИЈА ЛУНДБЕРЈ
Шведска

Софија Лундберј (1974) е шведска писателка и новинарка. Нејзиниот прв роман „Црвениот адресар“ станал меѓународна сензација. Објавен е на 34 јазици. Книжевната критика е восхитена од нејзината моќ да ги обезоружи читателите и да ги однесе на патување низ времето и просторот, низ љубовта и загубата. Несомнено, таа е новата ѕвезда на скандинавската литература.

 

 

 

 

 

Дабот сè уште е тука 
Превод: Сашо Христовски

По тешкиот развод, на Естер ѝ се чини дека нејзиниот живот ја загубил смислата. Во тие денови, секоја втора недела, оди кај стариот даб што расте крај водата. Еден ден под дабот ја среќава Рут, возрасна дама што има прекрасна особина секогаш да се насочи само врз тоа што е убаво во животот. Фасцинирана е од неверојатната животна приказна на Рут. Колку повеќе ќе стекнуваат меѓусебна доверба, сè поочигледно ќе биде дека Рут крие болни тајни.

 

 

 

Други книги на македонски:

Црвениот адресар
Превод: Ирена Трајкова

 

Кога имала десет години, татко ѝ на Дорис ѝ подарил црвен адресар, во кој таа ги запишувала сите луѓе што ќе ѝ значат, а особено мажите што ги сакала. Денес, вртејќи ги страниците на овој уникатен дневник, Дорис гледа имиња на луѓе што одамна ги нема и добива желба за пишување. Таа се навраќа на својот бурен живот, низ океаните и континентите. Денес има 96 години. И не е свесна дека најдлабоките моменти допрва ќе се случат.

 

Прашалникот е половина срце 
Превод: Сашо Христовски и Снежана Ивановиќ Христовска

Елин Боулс има совршен живот. Таа е една од најуспешните фотографки во Њујорк, мажена за прекрасниот Сем, со кого ја има седумнаесетгодишната ќерка Алис. Еден ден Елин добива писмо од  Готланд, мал остров во близина на Шведска, каде што го има поминато своето сиромашно детство. Писмото е глас од минатото, кое Елин со сите сили се труди да го заборави. Приказна за надминување на срамот и вината, за вистината и прифаќањето на својата природа.

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment