СЛАВЕНКА ДРАКУЛИЌ
Хрватска

Славенка Дракулиќ (1949) е родена во Риека, Хрватска. Завршила компаративна книжевност и социологија во Загреб. Работела како новинарка во неделен весник, а денес нејзините колумни се читаат во „Гардијан“ и „Њујорк тајмс“. Смело, речиси исповедно, таа пишува за феминизмот, болеста и женското тело, политиката, комунизмот и посткомунизмот! Славенка е симбол за вечен бунтовник воден од светот на хипиците и слободната љубов. Нејзината книга „Смртните гревови на феминизмот“ (1984) е првата феминистичка книга во Источна Европа. Според нејзиниот роман „Kao da me nema“ е снимен филмот „As if I’m not there“ за силувањaтa на жените во српските логори за време на војната во Босна. Добитник е на наградата „Награда за европско разбирање“ во Лајпциг.

 

 

 

Невидлива жена и други раскази
Превод: Кристина Велевска

Една од највлијателните европски писателки на нашето време ја посветува својата најнова книга на стареењето. Дали е возможно староста да се спречи? Вештачко подмладување за телото, флертување со странци за духот. Дали со староста доаѓа невидливоста? Раскази со најдлабоко сочувство за меѓучовечките односи, паралелата родители–деца, заминувањето, болеста, смртта, исчезнувањето, заборавањето. Без задршка таа зборува за искуството при распаѓањето на животот, на еден катарзичен, болен, но и ослободувачки начин. Приказните раскажани од силна женска перспектива прават директна интимна блискост и поврзаност со нашето секојдневје. Сè што е премолчено, а емоционално тешко и ограничено: болното и постепено исчезнување, сè до константното чувство дека сте општествен „вишок“.

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment