Симона Јованоска (1985) е македонска писателка. Во 2015 година ја објавила својата прва книга, збирката раскази „Ги најдов во длабокото“. Во меѓувреме пишувала колумни за B2B списанието „InBar“. Во 2021 година го објавила романот „Денот на црвот“ кој ја добил наградата „Роман на годината“ за 2021 год. Во 2022 год. го освојува првото место на конкурсот за краток расказ објавен од весникот „Нова Македонија“. Истата година ја промовира нејзината трета книга, а воедно прва книга за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави“. Нејзини раскази се застапени во антологии на македонскиот краток расказ.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment