Шоле Резазаде

Шоле Резазаде (1989) се преселила во Холандија од Иран во 2015 година. Три години по нејзината преселба, потпишала договор за првиот роман „Небото секогаш е виолетово“ за кој ја добила Наградата за дебитанти на Друштвото за холандска книжевност и Наградата на публиката „Бронзена був“. Романот беше и на пошироката листа за наградите „Либрис“ и „Хебан“. Од овој роман се продадени повеќе од 50 000 примероци само во Холандија и Белгија.

Нејзиниот втор роман „Знам планина што ме чека“ доби Специјално признание од Наградата за литература на Европската Унија (2024) и беше номиниран за Наградата за книжевност „Амарте“ и за Наградата за книга за природа.

Нејзината прва збирка поезија „Земи простор, рече морето“ за кратко време доживеа неколку тиражи.

Таа е ценета рецитаторка и јавна говорничка.

 

 

 

 

Знам планина што ме чека

Превод од холандски јазик: Ели Пујовска

„Антолог“, Скопје, 2025

 

Прекрасен роман за моќта на природата и желбата за спокој и простор.

„Знам планина што ме чека“ ја раскажува приказната за четириесетгодишната Алма која живее во брод-куќа на тивко разбрануваната река Амстел. Таа е постојано зафатена со работа. Но еден ден носи радикална одлука и сама патува кон Иран.

Таму живее Сарај која чува овци и молзи кози и вљубена е во момче од друго номадско семејство со кое има тајни средби на брегот на Арас, брзата река што татни низ нерамниот планински пејзаж. Номадите живеат од ден на ден и го јадат она што им го нудат годишните времиња. Наместо постојано да зјапаат во нивните телефони, тие се меѓусебно поврзани. Но, нивниот опстанок е загрозен. Поради климатските промени кои сè почесто носат суша, Арас повеќе не е толку бучен и сè повеќе млади номади сакаат да се преселат во град.

Во прекрасен поетски стил Шоле Разазаде го има проткаено овој совршено алегориски роман во кој ја раскажува приказната за Алма и Сарај, како и за Арас и Амстел.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment