Радмила Ванкоска (1988 година) е документарна/концептуална фотографка и видеоуметница. Додипломските студии ги завршила на Филолошкиот факултет во Скопје, а на магистерски студии по дигитални уметности е на Факултетот за медиуми и комуникации, Сингидунум, Белград (Србија). Покрај уметничката пракса се занимава и со едукација поврзана со аналогна фотографија, снимање кратки видеа и монтажа. Своите дела ги изложувала на изложби во земјата и странство, како и во модни и фотографски списанија.