Македонија
Петар Андоновски
Петар Андоновски (1987, Куманово) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Автор е на книгите: „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015), „Страв од варвари“ (роман, 2018) и „Лето во кое те нема“ (роман, 2020).
Награди и признанија:
- „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2015 година за романот „Телото во кое треба да се живее“
- Награда за литература на Европската Унија за романот „Страв од варвари“ за 2020.
- Признание Автор на годината на Македонската асоцијација на издавачи за 2020.
- Pen translates Award за романот „Лето во кое те нема“ за 2022.
СТРАВ ОД ВАРВАРИ
Неколку дена по падот на Берлинскиот ѕид, додека цела Европа е во исчекување што е следно, на најјужната точка на Европа постои еден остров каде малкуте луѓе кои останале таму живеат заборавени од сите. Нив историјата постојано ги одминува, ги одминале и лепрата и гладот, и таман кога ќе помислат дека и овој пат ќе ги одмине историјата, на островот пристигаат тројца странци. Двајца мажи и една жена. И ништо повеќе не е исто.
„Страв од варвари“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија за 2020.