Оливера Ќорвезироска (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи како уредник. Авторка е на повеќе поетски книги, романи за деца, сликовница, романи за возрасни, збирки раскази и книги критика и есеистика. Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, бугарски, словенечки, полски, руски, германски и на грчки јазик. Повеќекратен добитник е на значајни награди за расказ во Македонија, а за „Сплетени раскази“ во 2003 год. ја има добиено наградата за најдобра прозна книга на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“. Членка е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment