Николина Андова Шопова (1978) е писателка и поетеса. Авторка е на две поетски збирки „Влезот е од другата страна“ (2013) и „Поврзи ги точките“ (2014). Нејзината прва збирка поезија ја доби престижната награда Мостови на Струга, награда што ја доделува УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата. Учесник е на бројни европски поетски фестивали, а нејзината поезија е преведена на повеќе странски јазици и е дел од неколку поетски антологии. Во 2019 година ја доби наградата „Роман на годината“ за нејзиниот прв роман „Некој бил тука“, награда што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Издавачката куќа „Или-или“ во 2020 година ја издаде нејзината книга за деца „Кртот Ѕвездан“, а две години подоцна излезе и нејзиниот втор роман „Естом“.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment